Поповиќ: Очекувањата беа поголеми, за жал реална е оваа слика на Металург!

Фото: rkmetalurg.mk

Утре Металург ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза на Лигата на Европа, а противник ќе му биде Адемар Леон од Шпанија.

Овој меч ќе се игра во арената „Борис Трајковски“ – Скопје со почеток од 18.45 часот, а судии се Ештреф Бечири и Илир Красничи од Косово.

Тимот од Автокоманда ги загуби шансите за пласман во следната фаза, но ќе се обиде против Шпанците да направи изненадување и го заврши натпреварувањето со триумф.

На табелата во групата „А“ Висла Плоцк е првопласиран со 16 бодови, пред Адемар (13), Чеховски Медведи (12), Аон Фиверс (6), Тулуз (4) и Металург (3).

– Адемар Леон е една многу силна екипа, покриена на сите позиции, предводена од Каденас со врвен систем. Успеаја да триумфираат над Висла Плоцк, два натпревари против Чеховски. Од друга страна ние и натаму имаме проблеми и со коронавирусот и останатите нешта, не може да се ветува нешто некој атак на бодови, но тоа што можеме да ветиме е дека ќе го дадеме максимумот. Да го искористиме овој натпревар, да добијат младите шанса да настапат, да се воиграме, за она што ни следува во домашното првенство.

Искрено не можам да бидам задоволен од сезонава во Европа од причина што имавме многу поголеми очекувања, за жал реална е оваа слика и од причина што имавме многу проблеми особено со ковид-19. 70% од натпреварите ги одигравме без неколку играчи од првиот состав. Така што сигурно овој резултат моментно е реален, но не можеме да бидеме задоволни, бидејќи на почетокот очекувавме многу повеќе. Јас лично можам да бидам задоволен од моите партии, но кога нема да се покрие со некој резултат кој се бара, не можете во целост да бидете задоволни – вели ракометарот на Металург, Милан Поповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот