Полската полиција изврши претреси во домови на поранешни фунционери

Фото: Wojtek Jargilo - EPA-EFE

Припадници на полските специјални служби денеска повторно извршија претреси во домовите на поранешните владини функционери од партијата Право и правда (ПиС), како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на Министерството за правда, изјави портпаролот на државното обвинителство.

Во октомври 2023 година, националистичката партија ПиС ја загуби власта по осум години владеење од коалицијата на проевропски партии предводена од Граѓанската платформа на Доналд Туск.

Специјалците вчера упаднаа во домот на поранешниот министер за правда, Збигниев Жобро, а Обвинителството соопшти дека се приведени четири лица – тројца поранешни вработени во Министерството за правда и примателот на средствата.

Утрово полицијата изврши претрес во хотелската соба на поранешниот заменик-министер за правда Михал Вос, како и во другата куќа во сопственост на семејството Жобро. Вос потврди дека бил претресен и неговиот дом надвор од Варшава.

Поранешниот шеф на Врховниот суд за ревизија изјави пред парламентарната комисија дека има доказ дека 25 милиони злоти (6,3 милиони долари) од Фондот се потрошени за шпионскиот софтвер Пегаз, за кој новата Влада тврди дека ПиС го користел против некои од нејзините политичари.

Локалните медиуми објавија дека средствата биле искористени и за привлекување гласачи на ПиС во селата, со купување на противпожарни возила или опрема за провинциските здруженија на жени домаќинки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот