Полска ќе купи 32 воени авиони Ф-35 од САД

Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Во септември, Американскиот Конгрес се согласи да и продаде на Полска 32 воени авиони Ф-35 за 6,5 милијарди долари.

Полските власти планираат да потпишат договор за купување на 32 воени авиони Ф-35 од САД до крајот на јануари, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Мариуш Блаштак.

– Во суштина преговорите се затворени. Остануваат само некои незначителни процедурални прашања. Убеден сум дека до крајот на овој месец ќе склучиме договор со САД за купување 32 борбени авиони Ф-35, најмодерни авиони во светот, изјави Блаштак.

Во септември, Американскиот Конгрес се согласи да и продаде на Полска 32 воени авиони Ф-35 за 6,5 милијарди долари.

Полските воздухопловни сили во моментов се вооружени со 27 авиони МиГ-29, како и со 48 авиони Ф-16 и 18 Су-22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот