Полска ги зголемува платите во здравството за 100 насто

Фото:EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Полската Влада изрази поддршка на лекарите и целиот медицински персонал кој се бори против новиот коронавирус со зголемување на нивните плати за 100 отсто.

– Никој не заслужува повеќе од нив, напиша денеска премиерот Матеуш Моравецки на Фејсбук.

Министерот за здравство Адам Нидзелски издаде наредба до претседателот на Националниот фонд за здравство секој вработен во здравствената служба што се бори со Ковид-19, заедно со болничарите и лаборанти ќе добие 100 отсто зголемување на платата.

Пред некоку дена премиерот нагласи дека болниците во државата треба да располагаат со 32.000 кревети за пациенти со Ковид-19 до крајот на следната недела. Во почетокот на октомври таа цифра беше 10.000. Во државата се регистсирани 380.000 заболени од Ковид-19 и над 5.780 смртни случаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот