ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ГОДИШНО: Познато е колку Газпром ќе заработи од Турски тек

фото: Принтскрин

„Турски тек“ и „Северен тек 2“ заедно и со полн капацитет би можеле да го зголемат профитот на „Газпром“ за повеќе од 1,5 милијарди долари годишно.

Гасоводот „Турски тек“, кој денеска официјално започна со работа, на компанијата „Газпром“ годишно ќе и носи приходи од околу 500 милиони долари, изјави за „РИА Новости“ заменик началникот на Националниот фонд за енергетска безбедност Алексеј Гривач.

– Ако им веруваме на бројките за проектираниот капацитет на новиот гасовод кои ги претстави заменик претседателот на управниот одбор на „Газпром“, Фадил Садигов, „Турски тек“ ќе сочинува третина од вкупниот приход на компанијата, изјави Гривач.

Садигов кон средината на декември изјави дека „Турски тек“ и „Северен тек 2“ заедно и со полн капацитет би можеле да го зголемат профитот на „Газпром“ за повеќе од 1,5 милијарди долари годишно.

Гасоводот „Турски тек“ е составен од две линии, секоја со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Едната е наменета за снабдување на Турција со руски гас, а втората за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа.

Бугарската компанија Булгаргаз извести дека Бугарија, Грција и Македонија на 1 јануари почнаа да добиваат гас од „Турски тек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот