Полјак украл 735.000 евра од банката во која бил вработен и избегал во Албанија, од парите ни трага

Полиција во Берлин, Германија / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Матеуш З., по потекло од Полска, ја ограбил филијалата на германската банка во која работел и од неа одзел околу 735.000 евра.

Судењето на младиот Полјак започна денеска во Минхен.Тој е осомничен дека во јули минатата година од сефот на банката ВР одзел поголема сума пари.

Матеуш е уапсен шест месеци подоцна, но парите никогаш не се пронајдени.

Иако банката при броењето пари го користела принципот „четири очи“, Матеуш успеал самоиницијативно да ги однесе парите од касата во трезорот пред паузата за ручек.

Потоа ги ставил сите пари во ранецот. Кога го фатиле, рекол дека од тие пари зависи неговиот живот и дека баба му има многу долгови.

Потоа побегнал низ подземната гаража.

Тој е уапсен во февруари минатата година. Најверојатно со месеци се криел во Албанија, Турција или Чешка.

Тој преку својот адвокат сам се пријавил во Обвинителството, а потоа ѝ се предал на полицијата во Минхен. Оттогаш е во притвор и го чека крајот на судењето. На првото судење Матеуш се бранел со молчење.

Обвинителството смета дека постојат шанси тој да имал соучесник кој му вршел притисок да го изврши делото.

Неговите соседи во полиција изјавиле дека по кражбата го виделе со лопата пред куќата. Полицијата детално го пребарала теренот, но парите никогаш не биле пронајдени.

Доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од седум години.

Пресудата ќе биде изречена кон средината на февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот