Полицијата приведе 43-годишен маж кој пренесувал 53 мигранти

Фото: МИА

Кај струмичкото село Куклиш синоќа околу 19.30 часот во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С.(43) од село Дорломбос, валандовско, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти и тоа 37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет.

Од МВР денеска информираат дека Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот