Полицијата го уапси човекот кој се закануваше дека ќе го разнесе мостот во Киев

Украинските безбедносни сили го уапсија човекот кој се закануваше дека ќе го разнесе мостот „Метро” во Киев, објавија украински медиуми.

„Полицијата го уапси напаѓачот”, се вели во написот на Украинска правда на Твитер.
Таа информација ја потврди министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков.

Весникот наведува дека уапсениот бил учесник во воена операција во Донбас, постар наредник кој се презива Бељко.

Уапсениот се закануваше дека ќе разнесе и државни институции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот