Полицијата апси и ситни дилери на дрога

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на различни места во државава уапси неколку дилери на дрога. Заплените се мали, со оглед на синоќешната мега заплена од околу 100 килограми марихуана во камион на бугарски државјанин на граничниот премин Ново Село.

ВИДЕО: Бугарска криминална врска – полицијата заплени марихуана кај Ново Село

Синоќа во 20.30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле Е.А.(27) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, во 16.40 часот во Демир Хисар, полициски службеници од  Полициската станица Демир Хисар од слобода го лишиле Л.М.(20) од Демир Хисар, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Речиси во исто време, но во Прилеп на ул.„Борка Утото“, полициски службеници од Полициската станица Прилеп од слобода го лишиле Г.К.(29) од Прилеп, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подоцна вечерта околу 21.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово од слобода ги лишиле М.Р.(33) од Тетово и Х.С.(30) од Германија, а со престојувалиште во  Тетово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот