ВИДЕО: Бугарска криминална врска – полицијата заплени марихуана кај Ново Село

заплена на марихуана

Вчеравечер полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи го лишиле од слобода А.К.К.(48), од Република Бугарија, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, во периодот од  20.00 до 23.00 часот на Граничен премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со припадници од Царинската управа, при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин А.К.К., била пронајдени 102 пакувања наркотичната дрога марихуана, скриени во специјално направен бункер во горниот дел од кабината на возилото, односно околу 100 килограми дрога.

Пронајдената дрога од страна на мобилен тим и Царинската управа се предадени на СВР Струмица за понатамошната постапка, а лицето е приведено во полициска станица и во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Струмица, по член 215 од Кривичниот законик.

Со ова е спречен уште еден обид за меѓународен транспорт на дрога, а последната акција на  нашата полиција е уште доказ повеќе дека безкомпромисната борба против криминалот  продолжува.

ВИДЕО: Спасовски не открива детали за украдените два тона марихуана чија вредност е околу шест милиони евра

Започната истрага за запленетите 100 килограми марихуана на автопатот Скопје-Велес

ВИДЕО+ФОТО: Пресечен организиран транспорт на марихуана кај Велес, уапсени тројца, запленети 100 килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот