Полицајците реагираат: Немаме маски, ракавици и средства за дезинфекција!

Македонска полиција/ Фото: Миа

Од македонскиот полициски синдикат реагираат дека од информациите кои ги добиваат од теренот од колегите, дури 40 проценти од нив не биле покриени со заштитни маски, гумени ракавици ниту средства за дезинфекција. Синдикатот бара од раководството на МВР итно да се достават маски и гумени ракавици кои ќе бидат задолжителни за употреба.

,,Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот. Но информациите од теренот кои ги добиваме од колегите кажуваат дека теренот ниту 40% не е покриен со заштитни маски, гумени ракавици како и средства за дезинфекција”, наведуваат од синдикатот во своето обраќање.

Тие укажуваат дека состојбата со коронавирусот е сериозна и дека не смее да се дозволи ниту еден вработен да биде испратен на терен без маски ракавици и средство за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот