Полициски службеници од ЕБР и гранична полиција во спасувачката акција над село Разловци

фото МИА

Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, ангажираше околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија на Република Северна Македонија.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествуваа и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1.400 метри надморска височина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот