ПОГУБНО СЕЛФИ за Берлускони: Завршил во болница со хематом на колкот

Фото: Профимедиа

Силвио Берлускони лесно се повредил во Загреб, каде присуствуваше на конгресот на Европската народна партија. Заради тоа, по враќањето во Италија, тој денеска бил примен во болница во Милано, пишува весникот „Кориере дела сера”.

Лидерот на партијата „Форца Италија” се отповикал на барањето на лице во Загреб кое сакало да се слика со него и додека го правеле селфито, Берлускони паднал, и го нагмечил бедрото. Тој се вратил во Милано по завршување на конгресот и вднаш побарал лекарска помош.

При прегледот во клиниката во северниот италијански град не била утврдена никаква фрактура, туку само хематом на колкот.

Берлускони неколку дена ќе остане под будното око на лекарите во болницата.

Партијата денеска преку соопштение ги демантираше гласините дека тој требало под итно да биде транспортиран од Загреб до Милано заради падот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот