Погребан експретседателот на Франција, Жак Ширак

Експретседателот на Франција,  Жак Ширак, беше погребан на приватна церемонија на гробиштата во Монпарнас покрај ќерката Лоранс, која починала пред три години.

Комеморацијата претходно беше одржана во црквата Сен Сулпис во Париз, со интонирање на националната химна.

Ковчегот на Ширак беше покриен со националното знаме.

На погребот присутни беа голем број политичари меѓу кои претседателот Емануел Макрон и поранешните француски претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд. Во Париз имаше и странски државници, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, експретседателот на САД, Бил Клинтон, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и јорданскиот крал Абдулах Втори.

Ширак беше претседател на Франција во два мандати, од 1995 до 2002 и од 2002 до 2007 година, а претходно беше премиер и градоначалник на Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот