Погба ќе го игра најдобриот фудбал за Манчестер јунајтед!

twitter.com/MirrorFootball

Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Саха вели дека неговиот сонародник е подготвен да им „ја затне устата на критичарите“.

Екс фудбалерот на „црвените ѓаволи“, Луис Саха, дознал од играчите на клубот дека Пол Погба се вратил како комплетно променет играч и покрај пандемијата од коронавирус.

Французинот имаше повреди во текот на сезоната, беше подложен операција на ногата.

Но, тој сега е целосно здрав е целосно опоравен и ќе биде подготвен да му помогне на Манчестер јунајтед во битката со Челси за место во топ 4 во Премиер лигата и учество во Лигата на шампионите.

Саха верува дека Погба заедно со Бруно Фернандеш се еден одличен тандем во средниот ред на менаџерот Оле Гунар Солскјер, иако двајцата сè уште немале можност да играат заедно на теренот.

Погба е подготвен да го игра неговиот најдобар фудбал за Манчестер јунајтед и така им „ја затне устата на критичарите“. Тој и натаму е меѓу најдобрите играчи во светот, се вратил многу мотивиран од тоа што го слушам. Контактираме преку телефон и мене ми звучи крајно мотивиран. Сакам да видам нов Погба кој е лидер заедно со Фернандеш – рече Саха.

Саха (41), поранешен напаѓач на француската репрезентација, со Јунајтед успеа двапати да ја освои Премиер лигата, а по еднаш Лига купот и Лигата на шампионите (сезона 2007/08).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот