Подготовки за најавените снежни врнежи: Општина Бутел распрскува емулзиона течност против смрзнување на коловозите

Зимската служба на Општина Бутел почна со распрскување на емулзиона течност по дел од населбите и местата како Радишани, Бутел 1 и 2, Скопје Север, Љубанци, Љуботен и Расадник). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.
– Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони, велат од Општина Бутел.
Имено, денеска се очекуваат снежни врнежи во вечерните часови, а поинтензивни врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот