Поддршка од Ирска за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на активностите на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, се сретна со премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин, соопшти владината прес-служба.

На средбата, на која учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека двете земји имаат блиски пријателски односи, но и отворени можности за нивно дополнително унапредување, особено во соработката на економски план.

Премиерот Заев како особено значајна ја оцени силната поддршка на Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција како признание за нашиот придонес за деблокада на проширувањето на ЕУ, и му пренесе на премиерот Мартин дека Владата продолжува интензивно да работи на ова прашање.

Во насока на унапредување на меѓусебните односи, двајцата премиери се согласија да продолжи и да се интензивира соработката и преку размена на посети на високо ниво помеѓу Република Ирска и Република Северна Македонија со фокус на економската соработка.

Извор:  МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот