Податоците на речиси 20 милиони граѓани од Еквадор протекоа на Интернет

Еквадорската Влада го истражува случајот со објавувањето на личните податоци на милиони граѓани на Интернет, ситуација која ја оценија како „многу деликатна”.

Според властите податоците биле добиени од приватна компанија за време на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој управуваше со земјата од 2007 до 2017 година.

– Тоа е многу деликатна ситуација, повод за голема загриженост за целата Влада и за земјата, изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Марија Паула Ромо.

Фирмата за информатичка безбедност VpnMentor на својот веб сајт објави дека открила лични податоци на околу 20 милиони лица, повеќето од Еквадор, кој има население од 17,3 милиони луѓе. Податоците се наоѓале на незаштитен сервер во американската држава Мајами, сопственост на еквадорската фирма Новаестрат. Податоците произлегуваат од различни места, вклучително и од регистри на еквадорската Влада, компанија за автомобили и две банки.

Прочитајте и...  Германската „Корона апликација" преземена 15 милиони пати

Еквадор нема закон за заштита на личните податоци.

Според министерот за телекомуникации Андрес Мичелена податоците биле собрани од приватна фирма за време на власта на претходниот претседател Кореа. Тој дополни дека во случајот се вмешани вработени во националниот информатички систем.

Прочитај повеќе

Тагесшау: Свињите и кокошките не можат да се заразат со коронавирусот

Слободен печат

Кери Лам: Законот за Хонгконг не е толку црн како што изгледа

Слободен печат

Сè погласна европска поддршка за коалицијата предводена од СДСМ

Студија: Шпанија е далеку од колективен имунитет

Слободен печат

Ибрахим: Со рушењето на груевизмот, почна нормализацијата на државата и еднакви права за сите етнички заедници

Слободен печат

Вооружениот маж што упадна во резиденцијата на Трудо се соочува со 22 обвиненија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

САД укинуваат визи за студенти кои учат на далечина

Слободен печат

Евакуација на 1,3 милиони луѓе поради обилни дождови во Јапонија

Слободен печат

Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија

Слободен печат

Нов Зеланд ограничува места на меѓународни летови

Слободен печат

Партиите имаат уште 6 дена да ги претстават изборните понуди пред граѓаните

Слободен печат

Северна Кореја: Не планираме нов самит со САД, Сеул шири гласини

Слободен печат