ПОЧИНАЛ ДОДЕКА САКАЛ ДА ЈА ЗАПРОСИ ДЕВОЈКАТА: Сакал да и приреди романтична веридба, а потоа се случила трагедија (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ПОЧИНАЛ ДОДЕКА САКАЛ ДА ЈА ЗАПРОСИ ДЕВОЈКАТА: Сакал да и приреди романтична веридба, а потоа се случила трагедија (ВИДЕО)

Стивен Вебер трагично се удавил додека бил со својата девојка на одмор од соништата во Танзанија. Неговата несудена вереница се збогувала од него со емотивна објава на Фејсбук.

Стивен Вебер и Кенеша Антоин биле на годишен одмор во Танзанија, кога Вебер се одлучил да ја побара за жена под вода со порака на хартија која ја ставил врекичка која не пропушта вода, но таа не стигнала да му го каже судбоносното „да“.

Стивен Вебер трагично се удавил додека бил со својата девојка на одмор од соништата во Танзанија. Неговата несудена вереница се збогувала од него со емотивна објава на Фејсбук.

На видеото кое го објавила таа се гледа како Стивен плива, а во раката држи хартија.

„Не можам доволно долго да го одржам здивот за да ти кажам се што сакам кај тебе, но те сакам се повеќе и повеќе“, пишало на едната страница. Тој ја свртел хартијата, а на другата страница пишувало: „Сакаш ли да бидеш моја жена?“.

Потоа извадил и отворил кутија со прстен. Во позадина може да се слушне како Кенеша среќно се смее.

„Ќе те пронајдам и ќе се омажам за тебе во идниот живот, многу те сакам и секогаш ќе те сакам“, напишала Кенеша во емотивната објава по неговата смрт.

Во коментари под објавата од Стивен се збогуваме и многу негови познаници и пријатели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close