Почина музичарот Тони Бенет: Со години се бореше со Алцхајмеровата болест

Тони Бенет
Star Stock _ Alamy _ Alamy _ Profimedia

Почина Тони Бенет, легендарниот поп и џез музичар. Имаше 96 години. Публицистката Силвија Вајнер ја потврди смртта на музичарот, пренесува „Њујорк пост“.

Музичарот, како што е пренесено, починал во Њујорк, а причината за смртта допрва ќе се знае.

Во својата богата кариера Бенет продаде милиони плочи ширум светот и освои 20 Греми, вклучително и награда за животно дело. Својот прв албум го издаде во 1952 година, кога беше во средината на дваесеттите години и оттогаш продолжи да се наоѓа на топ листите во САД, во секоја следна деценија од неговиот живот.

Бенет со години се бореше со Алцхајмерова болест. Тој до пред неколку години, сè уште работеше на својата музика, а соработуваше и со Лејди Гага со која сними заеднички џез албум „Cheek to cheek“, но недолго потоа ги почувствува првите проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот