Почина голема фудбалска надеж на Атлетико Мадрид

фото: твитер

Како што официјално соопштуваат од шпанскиот фудбалски клуб почина 14-годишниот играч Кристијан Минчола.

Во овој период додека следиме тешки вести за бројни заразени и починати во Шпанија од коронавирусот, нова голема тажна вест во спортскиот свет.

Како што официјално соопштуваат од шпанскиот фудбалски клуб на Атлетико Мадрид почина 14-годишниот играч Кристијан Минчола.

Претседателот на оваа екипа, Енрике Серезо изрази сочувство до семејството и рече дека во клубот се шокирани.

Му предвидуваа голема фудбалска иднина, како голем талент, во клубот дојде во сезоната 2013/14.

Учинокот на овој перспективен играч беше над 50 голови за младиот тим.

Ниту од Атлетико, ниту во шпанските медиуми нема информација која е причината за смртта на овој млад фудбалер.

Играчот на првиот тим Коке веднаш се огласи на социјалните мрежи:

– Животот не е фер. Горд сум што го носеше овој дрес. Поддршка до колегите, семејството и пријателите. Почивај во мир – напиша Коке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот