Почина доајенот на високата мода, модниот дизајнер Ренато Балестра

Фото: Wikimedia Common

Модниот креатор Ренато Балестра, доајенот на високата мода, почина синоќа во Рим на 98-годишна возраст.

Тажната вест за АНСА ја соопштија неговите ќерки Фабијана и Федерика заедно со внуката Софија, која ќе го преземе управувањето со брендот. Погребот ќе се одржи в вторник на 29 ноември во главниот град на Италија во црквата Санта Марија дел Пополо.

Балестра дизајнираше облека за холивудските диви Софија Лорен и Ава Гарднер, брзо станувајќи една од најпочитуваните стилисти на големите ѕвезди на холивудската кинематографија.

Балестра речиси случајно пристигна во светот на модата. Неговите пријатели од Техничкиот факултет го замолиле да дизајнира женски фустан поради обложување, но потоа без негово знаење ја испратиле скицата во една висока модна куќа во Милано, која веднаш го повикала да соработува со нив.

И тоа бил почеток на незапирливиот подем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот