Почина Брајан Траверс: Саксофонист, текстописец и еден од основачите на групата UB40

Фото: Принтскрин / Instagram

Eден од основачите на британската музичка група UB40, врвен саксофонист и текстописец Брајан Траверс, почина на 63 – годишна возраст по долга битка со тешка болест. Тажната вест е објавена на твитер – профилот на бендот.

„Со голема тага објавуваме дека почина нашиот пријател, брат, еден од основачите на UB40 и музичката легенда Брајан Траверс. Тој почина во кругот на своето семејство по долга и херојска битка со ракот“, објавија официјалниoт  твитер – профил од бендот.

Како што пишува „Дејли Мејл“ , музичарот имал тумор на мозокот и требало да му биде направена уште една операција.

UB40 се англиски реге и поп бенд, формирани во декември 1978 година во Бирмингем, Англија. Бендот има повеќе од 50 синглови на UK Singles Chart, и исто така постигна значителен меѓународен успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UB40 (@ub40official)

Четири пати беа номинирани за Греми наградата за најдобар реге албум, а во 1984 година беа номинирани за Британската награда за најдобра британска група. UB40 има продадено над 70 милиони плочи ширум светот. Етничката структура на оригиналната постава на бендот беше разновидна, со музичари од англиско, велшко, ирско, јамајканско, шкотско и јеменско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот