Почина босанскиот актер Давор Јањиќ

Фото: Принтскрин/ Југословенска кинотека

Босанскиот актер Давор Јањиќ почина на 53-годишна возраст во Белград на Военомедицинската академија (ВМА).

Информацијата е потврдена за порталот Radiosarajevo.ba, а Јањиќ долго време се борел со здравствени проблеми.

Давор Јањиќ е роден 1969 година во Тузла, а глума завршил на академијата во Сараево. Своето филмско деби го имал во голем стил, на само 17 години, во „Ова малку душа“ на Адемир Кеновиќ каде го глумел Нихад Халиловиќ.

Веднаш потоа следувала уште една главна улога, во филмот „Живот са чичко“, за кој бил награден на познатиот филмски фестивал во Монтреал.

Од 1991 до 1996 година живеел во Лондон, а од 1997 година живеел и работел во Словенија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот