По Трајковски, и Перишиќ ќе го засили Хајдук Сплит?!

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Искусниот хрватски фудбалер Иван Перишиќ наскоро ќе биде нов напаѓач на Хајдук Сплит во чии редови неодамна пристигна македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Ваквата информација доаѓа на денот во кој Хајдук Сплит му продаде 16-годишен играч на Тотенхем за 12 милиони евра.

Крилниот играч Перишиќ минатата сезона ја помина во дресот на Тотенхем, но почетокот на оваа беше кошмарен откако се повреди на тренинг и според најавите ќе биде надвор најмалку шест месеци.

А тоа значи за Хајдук би настапува дури во следното лето. Договорот меѓу Тотенхем и Хајдук не е официјално постигнат, но има усмен компромис меѓу претседателите на двата клуба.

Во својата клупска кариера со Борусија Дортмунд и Баерн по еднаш ја освојуваше Бундес лигата, со баварскиот гигант воедно дојде до титулата во Лигата на шампионите пред три години.

Со милански Интер во сезоната 2020/2021 беше шампион во италијанската Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот