По неколкудневниот одмор на тајна локација, Љупчо Николовски денеска им се врати на работните обврски

Љупчо Николовски/ фото Архива на Слободен Печат

По неколкудневното отсуство, денеска вицепремиерот Љупчо Николовски им се вратил на работните обврски, објави порталот 360 степени. Имено, деновиве се појавија шпекулации дека тој заминал на продолжен викенд во Дубаи.

Сепак, од Владата, иако потврдуваат дека вицепремиерот во претходните три работни дена бил на одмор, не ја откриваат дестинацијата на која отпатувал, како што и не ги демантираат информациите дека бил во Дубаи.

– Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно Законот за работни односи, од приватни причини, користеше одмор од 2020 година, во времетраење од три дена, заклучно со денешниот ден. Николовски од денеска им се враќа на своите работни обврски, информираат од кабинетот на Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот