По израелскиот упад во болницата во Газа починале четворица пациенти

Газа, Рафах / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека четвртиот пациент починал во болницата Насер бидејќи при вчерашниот израелски упад во тој објект било прекинато напојувањето со електрична енергија, а снабдувањето со кислород било ограничено.

Претходно, тројца пациенти починаа во текот на ноќта во таа здравствена установа во Кан Јунис, пренесува Ал Џезира. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, вчера изјави дека Израел извршил „масовен упад“ во болницата Насер, по што следеле истрели, во кои се ранети неколку раселени лица кои се засолниле таму.

Тој рече дека армијата им наредила на лекарите да ги преместат сите пациенти во постара зграда која не е соодветно опремена за лекување, пишува Тајмс оф Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека имаат „веродостојни разузнавачки информации“ дека Хамас држел заложници во болницата и се сомневаат дека уште некои се внатре.

Израел го обвинува Хамас дека користи болници и други цивилни структури за да ги заштити своите борци, додека Хамас тоа го негира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот