По 40 години минати во затвор: Израелските власти го ослободија Палестинецот Карим Јунис

EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Израелските власти утрово го ослободија палестинскиот затвореник, Карим Јунис, по 40 години минати во затвор.

Јунис во 1983 година беше осуден за членство во забранетото движење „Фатах”, за поседување оружје и за убиство на израелски војник.

Јунис е член на Централниот комитет на „Фатах”, предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Во затвор има напишани две книги, едната во 1990 година насловена „Политичката реалност во Израел”, а втората во 1993 година со наслов „Идеолошка борба и договор”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот