На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му е одредена десетдневна самоизолација, откако неговата сопруга се тестирала позитивна на ковид-19, пренесува Новости.рс.
Ана Маслаќ Пленковиќ имала температура и тестот покажал дека е позитивна, додека тестот на Пленковиќ е негативен. Премиерот ќе продолжи со работни обврски од дома.
Таинствената сопруга на хрватскиот премиер и ретко се појавува во јавноста со својот сопруг, а тие заедно имаат две деца.