Платите на вработените во Општина Ѓорче Петров зголемени за 3000 денари

Фото: Општина Ѓорче Петров

Вработените во Општина Ѓорче Петров ќе добиваат за 3000 денари повисока плата, почнувајќи од платата за ноември.

 Со цел да се „слушне гласот“ на вработените во однос на нивните права, првпат во општина Ѓорче Петров е формирана синдикална организација во рамки на Синдикатот за администрација и државнауправа на Македонија и првпат е потпишан колективен договор на ниво на работодавец. Со потпишување на овој колективен договор, покрај останатите права кои им се гарантираат на вработените, предвидено е и зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец ноември за 3.000 денари – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Според него, со овие мерки се прават напори за подобрување на условите за работа на администрацијата.

 Во време на економска криза, високи сметки за електрична енергија и покачени цени во маркетите, ова е еден вид стимул за моите вработени. Очекувам и натаму ефикасно и ефективно да ја извршуваат својата работа, исклучиво во насока на интересите на граѓаните – вели Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот