Пјонгјанг: САД да не ги коментираат нашите односи со Јужна Кореја ако сакаат изборите да им поминат без проблеми

САД- Северна Кореја/ Фото Архива на Слободен печат

Северна Кореја соопштила денеска дека САД немаат право да ги коментираат односите на двете Кореји, како и дека е во интерес на Вашингтон да молчи ако сака претстојните претседателски избори да поминат без проблеми.

Тоа го соопштила земјата откако Стејт департментот објавил дека е разочаран што Северна Кореја ја прекинала комуникацијата со Јужна Кореја.

– Ако САД така безгрижно го буткаат носот во туѓи работи, наместо да се занимаваат со своите внатрешни прашања, во моментот кога политичката ситуација во земјата е во најголема конфузија, може да наиде на незгодна работа со која е тешко да се соочи, изјави генералниот директор за односи со САД при севернокорејското Министерство за надворешни работи Квон Џонг Ган, пренесува Ројтерс повикувајќи се на КЦНА.

Тој додал дека САД би требало да „го соберат својот јазик“ и да ги решаваат сопствените проблеми, доколку не сакаат да се „накострешат“.

– Тоа би било добро не само заради нивните интереси, туку и заради полесно одржување на претстојните претседателски избори, додал Квон Џонг Ган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот