Пирати киднапирале 19 членови на танкер близу Нигерија

Пирати, близу Нигерија, киднапирале 19 членови на екипаж на танкер, кој превезувал сурова нафта, изјави денеска официјален претставник на бродскиот оператор.

Бродот бил нападнат на 77 наутички милји од островот Бони пред два дена и екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник, пренесе Танјуг.

Супертанкерот „Нејв Констелејшн”, кој може да носи до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонгконг.

Опратор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос Танкерс менаџмент”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот