Пипен е љубоморен на Џордан, затоа зборува дека Џејмс е најдобар

Дејвид Фалк, агентот кој се грижеше за кариерата на Мајкл Џордан, верува дека неговиот соиграч од славните денови во Чикаго е љубоморен на „летечкиот“.

Фалк кој ги изгледал сите 10 епизоди од „Последниот танц“ вели дека со документарниот филм некои работи излегоа или во наредните епизоди ќе излезат на виделина.

– Пипен во одредена мера беше љубоморен на Мајкл. Во последниот период многу пати изјавуваше оти мисли дека Леброн е подобар кошаркар од Мајкл Џордан. Доколку си Скоти Пипен и Мајкл Џордан ти ја направи целата твоја кариера, таквото мислење треба да го задржиш за себе. Проблемот на Скоти, а тоа се гледа на многу места во докуменрарниот филм е што не беше толку натпреварувачки настроен и постојано наоѓаше смешни изговори. Играл лошо поради мигрена, не можел да се врати? Дали вие мислите дека Џордан би направил такво нешто освен доколку не му беше ампутирана ногата – зборува Фалк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот