Пицула ги претстави нацрт препораките за проширувањето на ЕУ

Фото: Твитер

Пицула на состанокот на Надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент ги претстави нацрт-препораките кои би требало да бидат позицијата на ЕП во понатамошните преговори за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Западен Балкан Тонино Пицула во Стразбур ги претстави нацрт-препораките за проширувањето на ЕУ, пренесува српски „Б92“.

Тој повика на продолжување и подобрување на процесот и паралелно одвивање на интерните реформи и проширување на Унијата.

Пицула на состанокот на Надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент ги претстави нацрт-препораките кои би требало да бидат позицијата на ЕП во понатамошните преговори за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.

Тој нагласи дека во прашање се „клучните препораки“ кои ЕП ги испраќа до Европскиот совет, Европската комисија и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.

– Тие се поддршка во самиот процес за проширување на ЕУ, неговото продолжување, идеја да интерната реформа на Униијата и нејзниното проширување може да се одвива паралелно бидејќи не се исклучуваат едно со друго, но и нашиот став дека политичката ситуација внатре во одредени членки на ЕУ не може да биде причина за супендирање на целиот процес на проширување – изјави Пицула.

Извештајот на Пицула со препораките поддржува некои од идеите кои Европската комисија веќе ги претстави во новата методологија за процесот на пристапување во ЕУ.

Така се предложува отворање на поглавјата во кластери, за со групирање на темите и политиките да за осигурување, но и можно да се забрзување на конкретни реформи.

Препораките бараат и појасни мерила за успехот и напредокот за секоја посебна земја-кандидат, како и континуирана европска поддршка во текот на целиот процес.

Со тоа, се преложува кандидатите кои веќе имаат отворено преговори да можат да продолжат по новата методологија, ако тоа сами го побараат.

Во нацрт-препораките, известувачот за Западен Балкан наведува и дека ЕП ќе бара поголема улога во процесот на проширување, како поради својата посветеност во засилување на демократијата во регионот, така и поради засилување на поддршката и помош за земјите во процесот на пристапување.

Европскиот парламент за извештајот, односно за нацрт-препораките за проширување ќе се огласи на пленарното заседание во април, за со својата позиција да допринесе кон успешноста на самитот ЕУ-Западен Балкан кој е планиран за во мај во Загреб.

– Очекувам дека на Загрепскиот самит низ дијалог ќе создадеме платформа за одржливи вложувања во Западен Балакн и ќе осигуриме континуирана поддршка на процесот за проширување во иднина – заклучува Пицула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот