Петти гол за Пандев сезонава, недоволен за триумф над Рома (ВИДЕО)

Џенова загуби пред своите гледачи од Рома со 1:3 во рамките на 20. коло во Серија А.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, обожува да игра против најдобрите екипи во Серија А и притоа редовно ги тресе мрежите. Пандев беше стрелец на единствениот гол за Џенова која загуби пред своите гледачи со 1:3 од Рома.

„Римската волчица“ поведе со 0:2 во првото полувреме благодарени на головите на Ундер и на автоголот на Бераски, а пред самиот крај на полувремето Пандев го постигна единствениот гол за домаќините. Конечниот резултат го постави Един Џеко во 74.минута.

 

За Пандев ова беше петти гол сезонава и е еден од најефикасните играчи на Џенова на која и претстои тешка борба за опстанок во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот