Петровска: Присуството на претставник од СДСМ на партиската конвенција на Нова Алтернатива е дел од политичката култура

Славјанка Петровска
Славјанка Петровска, министерка за одбрана/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Присуството на претставник од СДСМ на партиската конвенција на  Нова Алтернатива на која беше промовирана Данела Арсовска за нов претседател на партијата е дел од политичката култура и тоа не значи дека ќе се направи коалиција или дека ќе има некаква соработка, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Тоа е одлука на партијата и партијата ако добила покана мислам дека кој било претставник на партијата треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на формирањето на таа партија, се разбира, се демократски и она што сите ние го споделуваме – европските вредности за државата, напредокот на државата. И тоа присуството на основање на партија не значи по дефиниција веднаш дека ќе се направи коалиција или дека ќе има некаква соработка. Едноставно, тоа е дел од политичката култура, кажа Петровска.

На прашањето дали СДСМ стравува од одлив на гласови на претстојните избори по најавата на Арсовска дека Нова алтернатива ќе излезе од коалицијата со владејачката партија, Петровска вели дека имаат доволно простор да соопштат и да потсетат што се направиле во изминатиот период.

Таа додава дека СДСМ ќе понуди концепт и програма за претстојните избори и за активностите во идната влада. Основање на која било политичка партија во земјава базирани на демократските вредности е за поздравување, а тоа е одлика и на плурализмот, оценува министерката за одбрана.

Секое основање на која било политичка партија во Република Северна Македонија чии основи за формирање се црпат од демократските вредности, она што го споделуваме сите ние заедно е за поздравување, зборувам за сите политички партии. Формирање на нови политички партии е одлика всушност и на плурализмот. Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови од која било политичка партија мислам дека во периодот кој претстои, особено во изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори имаме доволно простор да соопштиме и уште еднаш да потсетиме што сè изминатиов период беше направено, она што е интересно, она што е важно за граѓаните. Меѓутоа, исто така, уште поважно е да понудиме концепт, да понудиме програма за тоа како ќе настапиме и на изборите, како и што ќе правиме и во идната влада, рече Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот