Петр Чех се врати во Челси

Петр Чех само неколку недели откако стави крај на играчката кариера во која најголем дел мина во Челси, се врати во тимот од Лондон. Тој во Челси доаѓа во нова улога, ќе биде технички директор и ќе ја презеде обврските на Мајкл Еменало кој си замина во 2017 година и досега не му беше донесена замена во Челси.

„Главната задача на Петр ќе биде да дава совети за сите фудбалски прашања во клубот, а се очекува да помогне во односите помеѓу Челси и истанатите екипи“, стои во соопштението на клубот.

Петр Чех последниот натпревар го одигра во дресот на Арсенал и тоа во финалето на Лигата на Европа, токму против Челси.

– Привилегиран сум што ја добив оваа можност, сакам да му помогнам на клубот да се остваруваат успесите на кои сите се навикнавме во последните 15 години. Се радувам на новите предизвици и се надевам дека своето знаење и искуство ќе ги искористам на вистински начин – изјави Чех.

Петр Чех беше на голот на Челси цели 11 години, од 2004 па се до 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот