Петгодишно дете го спасило целото семејство од пожар

Ноа Вудс (5) од Џорџија ќе стане почесен пожарникар и ќе прими посебна награда за спасување човечки живот по херојското дело што го направил пред неколку дена.

Ноа се разбудил во текот на ноќта и забележал дека собата му е во пламен, а неговата брза и паметна реакција спасила осумчлено семејство.

Откако Ноа се разбудил и сфатил дека куќата е во пламен, ја извлекол својата двегодишна сестра од креветот и низ прозорецот ја изнел на сигурно. Потоа се вратил во куќата и на истиот начин го извел и домашното милениче, а откако се уверил дека сестра му и кучето се на сигурно, истрчал до куќата во близина во која живеел вујко му и побарал помош. Заедно ги предупредиле останатите членови од семејството и сите успеале да се извлечат од пожарот.

Откако го изгаснале пожарот, пожарникарите го пофалиле малиот Ноа, алудирајќи на тоа дека сите можат да бидат храбри и дека постојат петгодишни јунаци.

Our hero! 5 year old Noah Woods recently woke up to find his bedroom on fire. The only available exit was a window. He…

Publiée par Bartow County Fire Department sur Mardi 11 février 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот