Петарда на Лајпциг во Гелзенкирхен, Халанд не запира да ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг како гости ја остварија најубедливата победа во 23. коло од Бундеслигата.

Лајпциг ја продолжува трката со Баерн Минхен за титулата во Бундеслигата, откако во дербито на колото како гостин со 0:5 го декласира Шалке.
Гостите уште во првата минута поведоа преку Марсел Сабицер кој со удар од 20 метри го матира домашниот голман.

Фудбалерите на Лајпциг беа доминантни на теренот, ја контролираа играта и го диктираа темпото, но вториот гол го постигнаа во 61. минута преку Тимо Вернер.


Третиот гол го постигна Хакштенберг само седум минути подоцна зголеми на 3:0. Последните два гола паднаа во финишот за убедлив триумф по кој Лајпциг има само еден бод заостаток зад лидерот Баерн Минхен.

Ерлинг Халанд не престанува да ги тероризира противничките голмани. По двата гола кои го постигна во средата против ПСЖ, денеска Халанд му даде гол на Вердер. Дормунд славеше со 0:2 против Вердер, а Халанд го постигна вториот гол, додека првиот беше дело на Дан Загаду.

Резултати:
Борусија М. – Хофенхајм 1:1
Фрајбург – Дортуна 0:2
Херта – Келн 0:5
Вердер – Борусија Д. 0:2
Шалке – Лајпциг 0:5
Баерн – Падерборн 3:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот