Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Фото: Фрипик

Трите македонски енергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО.

Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 – 2020 година. Стипендиите се во износ од 8.000 денари месечно, и се доделуваат за 10 месеци, со можност за продолжување или за прекин. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8,0.

Компаниите најавија дека и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се курентни и неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот