Пет години затвор за двократен олимписки шампион во џудо

фото: твитер

Поради сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња, Австриецот е виновен по сите обвиненија, останува да се донесе пресуда за валидноста на казната.

Врховниот суд во Виена денеска ја потврди казната од пет години затвор за поранешниот двократен олимписки џудо шампион, Питер Зајзенбахер (60) поради сериозна сексуална злоупотреба на малолетни лица, пренесуваат австриските медиуми.

Виновен по сите обвиненија, сега Виенскиот повисок Регионален суд треба да донесе пресуда за валидноста на петгодишната затворска казна со која за првпат Зајзенбахер беше осуден од регионалниот суд во Виена во декември 2019 година.

Тој е првиот џудист во историјата кој успеа да ја одбрани титулата на Олимписките игри. Шампион од Игрите во Лос Анџелес (1984 година) и Сеул (1988 година) во категоријата до 86 килограми.

После тие успеси, стана тренер во џудистички клуб во Виена. Таму во 1997 година сексуално нападна деветгодишно девојче кое до нејзината 14 година повеќепати беше злоупотребувано. За време на летниот камп во 2001 година се обиде да силува 16-годишно девојче, но тоа успеа да се одбрани. И во 2004 година сексуално нападна 13-годишно девојче.

Многу години подоцна беше започната постапка против него. Пред скоро три години, Зајзенбахер требаше да се појави на судење во декември, но тој замина во Украина, која веднаш го екстрадираше во Австрија, после неуспешниот обид на бегство со користење на лажни документи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот