Перспективите на туризмот за крстарење се добри за Грција

Фото: Пиксабеј

Грција очекува оваа година да има околу 85 луксузни бродови за крстарење во нејзините води, со вкупно 36.184 легла. Ова претставува годишен капацитет од 1.050.000 патници, додека предвидувањата за 2027 година се до 94 бродови со вкупно 44.764 легла и 1.378.000 патници, соопштија организаторите на Форумот за туризам Посидонија Море во 2023 година, пишува грчки Катимерини.

Теодор Вокос, управен директор на Посидониа Егзибишнс СА, изјави дека „според извештајот за истражување на пазарот, понудата за луксузен туризам на Грција се очекува да донесе годишен приход од 2,7 милијарди американски долари до 2030 година, регистрирајќи заеднички годишен раст од 11,5 отсто, од 2021 до 2030 година.

Значителен дел од овој приход ќе дојде од активноста на луксузни крстарења и трошење на копно од патниците со високи приходи во овој сегмент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот