Персоналот на Амбасадата во засолниште: Пет лица ранети во гранатирање на багдадско предградие

Персоналот на Амбасадата е во засолниште, јавија американски медиуми.  

Пет луѓе се ранети денеска во гранатирање на багдадското предградие Џадрија, соопшти полицијата.

Американските сили потврдија за две ракети Каќуша дека паднале врз воздухопловната база во Балад во Ирак, при што нема жртви. Во таа база се сместени американски војници.

Проектил беше попладнево испукан и врз Зелната зона во Багдад каде се наоѓа американската Амбасада. Персоналот на Амбасадата е во засолниште, јавија американски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот