16.8 C
Скопје

Пеп Гвардиола кариерата ќе ја заврши во Барселона

Актуелниот тренер на Манчестер сити сонува да се врати во клубот каде ја започна тренерската кариера.

Пеп Гвардиола четири години беше тренер на еден од најдобрите фудбалски тимови во историјата, Барселона со која освои три титули во Ла Лига и две во Лигата на шампионите, но неговата врска со каталонскиот тим е многу подлабока. Тој токму во Барселона ја започна и играчката кариера, 13 години беше дел од клубот како играч и пет како тренер.

Пеп си замина од Барселона во 2012 година и оттогаш го предводеше Баерн Минхем, од 2016 година е клупата на Манчестер сити, но сонува еден ден повторно да се врати на „Камп Ноу“.
Сега истото го потврди и неговиот татко Валенти.

– Не можам да ја отфрлам можноста еден ден Пеп повторно да се врати во Барселона како тренер или како личност која со своите совети ќе помага. Сепак, една работа е сигурна, тој никогаш нема да биде селектор на Шпанија – изјави Валенти.

Гвардиола кон крајот на мај ќе има шанса да дојде до нов трофеј во Лигата на шампионите бидејќи неговиот Манчестер сити во финалето ќе игра против Челси.

Поврзани вести

 „Слободен печат“ во Букурешт: Нема причини за разочараност

Слободен печат

Циципас на пет минути пред стартот на финалето против Ѓоковиќ дожна тажна вест

Слободен печат

ВИДЕО: Бразил со рутинска победа на стартот на Копа Америка

Слободен печат

ВИДЕО: „Метла“ за Денвер, Јокиќ исклучен

Слободен печат

Јанис го возврати ударот, Милвоки ја стопи предноста на Бруклин

Слободен печат

Пандев стана вториот најстар фудбалер кој постигнал гол на ЕП

Слободен печат

Остави Коментар