Пеп демантира дека постои клаузула за раскин на договорот

EPA-EFE/NEIL HALL

Пеп Гвардиола минатата година потпиша нов договор со Манчестер сити според кој е обврзан да остане на „Етихад“ до 2021 година. Денеска се појави информација дека во неговиот договор постои клаузула која му овозможува да си замине една година порано по што би си земал едногодишен одмор, а потоа би седнал на клупата на Јувентус.

Шпанска „Марка“ тврди дека дури е познат и наследникот на Гвардиола во Манчестер сити, тоа е Маурицио Покетино кој минатиот месец си замина од Тотенхем. Сепак, неколку часа подоцна се јави Гвардиола кој ги демантира ваквите шпекулации.

– Тоа не е вистина. Пред неколку недели седев тука пред вас и зборував какви ми се намерите со Манчестер сити – изјави Гвардиола на прес конференцијата во пресрет на неделниот натпревар со Арсенал.

Менаџерот на „граѓаните“ навести дека нема да купува фудбалери во зимскиот преоден рок.
– Воопшто не разговаравме за тоа со управата. Играчите кои ја започнаа сезоната, тие и ќе ја завршат. Доколку нешто се случува со промени во играчкиот кадар, тоа
ќе се случи вна лето – потврди Гвардиола.

Шпанецот ја искористи прес конфренцијата за да покаже дека е вистински џентлмен. Тој му честита на Јирген Клоп за потпишувањето на новиот договор.
– Честитки за Јирген и за Ливерпул на новиот договор, Клоп го заслужи договоор. Нормално дека ќе претставува голем предизвик за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот