Пензионер од штипско бендисал 20 години помлада жена, ја заклучил дома и барал да му стане сопруга

Фото: Pixabay

69-годишен жител на штипското село Лакавица е уапсен откако, според пријавата на 48-годишна жена, тој насила ја држел во неговиот дом, инсистирајќи да му биде сопруга, соопшти МВР.

„На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга. Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица“, пишува во полицискиот билтен.

Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот