Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Фото: МИА

Министерството за одбрана на САД потврди дека протечените фотографии и видеа од „неидентификувани летечки објекти”, направени во 2019 година, се веродостојни и автентични снимки.

ВИДЕО: Пентагон откри дека американската морнарица снимила НЛО во форма на „пирамида“

– Фотографиите и видеата на објектите во форма на триаголник како треперат и се движат низ облаците ги снимил персоналот на Морнарицата, изјави за Си-Ен-Ен гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоф.

Истрагата е почната, но повеќе информации нема да бидат дадени од безбедносни причини, како што соопшти Пентагон. Фотографиите и видеата на морнарицата беа објавени од интернет-страниците „Мистери вејр” и „Екстраординари билифс” минатата недела, но кружат на интернет од лани.

Републикански сенатор загрижен поради НЛО над американските воени бази

„Последниве години, имаше голем број известувања за неовластени и / или неидентификувани летечки објекти, влегувања во разни военоконтролирани полигони и назначен воздушен простор”, соопшти морнарицата во 2019 година.

Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот