Републикански сенатор загрижен поради НЛО над американските воени бази

Американскиот сенатор Марко Рубио изјави дека има сознанија за неидентификувани летечки објекти (НЛО) кои летаат над американските воени бази и дека Владата не знае за што станува збор.

Републиканскиот сенатор од Флорида изјави дека чека извештај од шефовите на разузнавачките служби кои ќе го известат Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат за „неидентификувани летечки појави” што се закануваат на воените бази, јави Фокс Њуз.

Во невообичаено интервју на аеродромот за онлајн таблоидот ТМЗ, Рубио коментираше дека инсистира на одговори за неидентификуваните летечки објекти, „кои летаат над воените бази”.

Според него, никој не знае за што станува збор, па дури ни владата на САД.

– Американските воени пилоти и сателити регистрираа „многу повеќе” неидентификувани летечки објекти (НЛО) отколку што беше јавно соопштено, изјави претходно поранешниот директор за разузнавање Џон Ратклиф, кој служеше за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп

Извештајот за НЛО се очекува да биде објавен во јуни како дел од последните мерки што Доналд Трамп ги потпиша пред да си замине од власт. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот