Пендаровски се сретна со Лајчак: Политичарите да покажат одговорен пристап за задржување на европската перспектива

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос се сретна со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот.

Во однос на перспективите на Северна Македонија, двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички чинители, за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата – се вели во соопштението.

Пендаровски и Лајчак ја нагласиле и важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот