Пендаровски: Eврооптимизмот во регионот зависи и од темпото на евроинтеграциите

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Пендаровски рече дека перспективата за членство во ЕУ не е потребна само за зајакнување на економијата, на трговската размена и на животниот стандард, туку дека е потребна и политичка интеграција во институциите на ЕУ, што ќе придонесе за демократскиот развој.

Потребата од забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, која позитивно ќе влијае врз безбедноста, врз севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз еврооптимизмот во регионот, беа клучните поенти на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој вчеравечер говореше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, во рамките на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос.

Перспективите за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст, беа во фокусот на дебатата во Давос, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Пендаровски рече дека перспективата за членство во Европската Унија не е потребна само за зајакнување на економијата, унапредување на трговската размена и подобрување на животниот стандард, туку дека е потребна и политичка интеграција во институциите на ЕУ, што ќе придонесе за демократскиот развој, зајакнување на институциите, владеење на правото и слободни медиуми.

Meѓу излагачите на сесијата биле и Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили, премиерот на Молдавија, Дорин Рецеан, како и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот